Од зградата на ГОБ „8 Септември“, утринава се фрлил пациент кој бил хоспитализиран во Ковид-центарот, објави Канал 5.
Како што наведува медиумот, мртвото тело на пациентот се уште е на плочникот пред Градската општа болница, а полицијата прави увид на немилиот инцидент.
Случајот го потврди МВР од каде соопштуваат дека се работи за пациент на 70-годишна возраст и персоналот од болницата го пријавил случајот како самоубиство.