По обвинувањата на пратеникот Димитар Апасиев кон ЈП Градски паркинг, односно пајак службата, дека работи „во спрега со урбаната мафија“, со став излезе и градот Скопје.
-Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса.Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот.За службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.Град Скопје сака да верува дека заложбата на пратеникот за почитување на законите не е само декларативна и дека истиот мисли дека законите важат за сите, па и за пратениците, стои во рекацијата на град Скопје.