Тијана Дапчевиќ изминатиов викенд беше гостинка во емисијата „Магазин ин“ каде што заедно со останатите гости зборуваа на темата „Фателен маж“. Во еден дел од емисијата водителката ги праша гостите како реагирале нивните родители кога ги запознале со некое свое момче.
Имено, Тијана откри како нивната мајка реагирала кога го запознала сопругот на Тамара, Александар Димитриевски – Мачка.
„Не, јас никогаш нема да заборавам кoга мајка ми го запозна мојот зет, сопругот на мојата сестра со кој е во среќен брак и има две деца. Се сеќавам, Тамара го донесе, а мајка ми и рече: „Ќерко, овој малку е пијан“, а Тамара и одговори: „Мамо, има трема“ , а мајка ми пак: „Ќерко, овој малку пиел. Јас умрев од смеа“, се сеќава Тијана.