Водителката Николина Пишек и нејзината ќерка Уна доживеале труење со јаглерод моноксид во нивниот стан во Загреб, ноќта помеѓу саботата и неделата, поради што завршиле во болница.
Николина и Уна биле пронајдени во несвест во станот, по што брзата помош ги пренела во болницата. Причината е труење со јаглерод моноксид. Имено, цевката што пукнала поради градежните работи предизвикала труење со гас. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на лице место.
– Не знам што е грешката, станува збор за одржувани инсталации. Мајсторите беа претходните денови и ги прегледаа сите инсталации. Се’ беше во ред. Зградата во моментов се реновира поради последиците од земјотресот. Не можам да обвинувам никого дека е виновен за она што се случило, само сакам надлежните органи да утврдат што се случило, бидејќи ова се два човечки животи што беа загрозени од ова – започна Николина за „Блиц“, и продолжи:
– Ќерка ми и јас бевме примени во болница во раните утрински часови во неделата со тешко труење со гас. Случајност не’ спаси. Мојот сопруг, кој не беше во Загреб, даде се’ од себе. Ако мојата одлука беше спроведена, немаше да бидеме живи. Зборував со сопругот кога дојдов од градот со ќерка ми, таа му рече дека ќе гледаме филм. Му се јавив околу полноќ и реков дека не се чувствувам добро и дека Уна повраќа. Му реков дека ќе одам на лекар наутро. Сепак, тој инсистираше да заминеме таа вечер. Потоа повторно ми се јави, но јас не одговарав на телефон, бидејќи очигледно сум ја изгубила свеста. Подоцна, слушнав од него дека ги повикувал пријателите еден по еден и во тие доцни часови успеал да го добие нашиот близок пријател. Тие повикале полиција и брза помош, кои помогнале да се скрши вратата и да стигнат до нас.
Апелирам да се воведе аларм за гас со закон, бидејќи тоа може да спаси човечки животи. Нам ни се случи иако инсталациите редовно се одржуваат, но како што можете да видите, можеше да се случи најлошото сценарио.
Инаку, Пишек синоќа за првпат се огласи на социјалните мрежи. Таа на Стори постави фотографија од ќерката Уна, па напиша дека сѐ ќе биде добро.
-Привремен дом. Сѐ ќе биде во ред. Мора, – напиша Николина, а по фотографијата може да се види дека тие се наоѓаат во хотел.