Златан Ибрахимовиќ со вчерашниот прв гол против Кротоне стигна до јубилејната бројка од 500 погодоци во фантастичната клупска кариера на шведскиот ас, нешто што од активните фудбалери им има успеано единствено на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо.
По тој повод напаѓачот на Милан реши да сподели видео на кое со популарниот хит „Јутро је“ од Нада Топчагиќ кое на големо се споделува меѓу навивачите на Милан на Балканот.
Исто така по успехот Ибрахимовиќ се провози во својот Ferrari Monza SP2 , вреден околу 2 милиона долари и испрати порака ,, На пат кон целта”