Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 1846 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје – 80, Охрид – 19 , Кавадарци -19, Тетово -14 , Прилеп – 13, Куманово – 9, Гостивар и Велес по 7, Струмица и Гевгелија по 6, Битола и Струга по 5, Свети Николе, Ресен и Делчево по 2, Штип, Кочани и Кратово по 1.
Регистрирани се 264 оздравени пациенти од:
Скопје – 111, Охрид -66, Струга -35, Куманово и Велес по 9, Берово – 6, Пробиштип – 5, Битола -4, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 3, Тетово, Штип, Кавадарци, Струмица, Кичево, Дебар и Кратово по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица.
Починати се 2 пациенти од Кочани (74, 70г), по еден смртен случај е регистриран од Скопје (76г), Ресен (88г), Кавадарци (77), Гостивар (70), Гевгелија (63) и Битола (65). Сите пациенти се починати во болнички услови.