Паричникот што американскиот воен метеоролог Пол Гришам (91) го изгуби за време на тринаесетмесечна експедиција на Антарктикот, се појави по 53 години во Сан Диего, Калифорнија.
– Бев целосно шокиран. „Многу луѓе беа вклучени во враќањето на паричник, но на крајот успеаја да ме пронајдат“, изјави Гришам за Сан Диего Јунион Трибјун, како што објави Гардијан.
Во паричникот имало негова поморска легитимација, возачка дозвола, упатства што да се прави во случај на атомски, биолошки и хемиски напад, картичка за нарачка за пиво, даночна изјава и налози за пренос на пари на неговата сопруга, пренесува Танјуг.
Гришам, кој пораснал во градот Даглас, Аризона, се приклучил на морнарицата во 1948 година, најпрво работел како техничар, а потоа бил метеоролог.
Тој отишол на Антарктик во 1967 година, како дел од операција со цивилни научници, а во тоа време тој беше во своите 30-ти години, оженет, татко на две деца. Се повлече од морнарицата во 1977 година.