Поранешниот супермодел 55-годишната Полина Поришкова докажа дека се чувствува одлично во своето тело објавувајќи фотографија на својот Инстаграм профил на која позира целосно гола.
Во објавата, Поришкова објаснила дека била инспирирана од топлес фотографиите на нејзината врсничка Елизабет Харли, која поради истите е често прозивана од страна на јавноста.
„Кога бев во своите 20-ти и 30-ти години, што помалку облека имав на себе, толку бев попопуларна. Во 40-те можев речиси гола да шетам наоколу и не би добила ништо повеќе од најмала казна поради инцидент во јавност. Но, во 50-те ме навредуваат поради се: ‘Облечи се бабо’, ‘Желна си за внимание, зарем не?’, ‘Малку си очајна’…“ напиша Пирошкова и додаде:
“Зошто голотијата и да се биде секси е добредојдена во младоста, а забранета во зрелите години? Поради мажите“.