Поп пејачката ја прогласија мртва од предозирање, па таа демантираше преку Твитер

by Тони Зографски

На социјалните мрежи кружеа бизарни гласини дека поп пејачката од косовско потекло, Биби Рекса починала од предозирање. Таа демантирала преку Твитер.

-Ох боже, три дена ме немаше и веднаш на интернет се појавија гласини дека сум мртва, дека сум се предозирала – напиша Рекса на Твитер.

Подоцна, Биби ја сподели лажната вест која наводно ја објави Си-Ен-Ен и кој содржи соопштение од нејзиниот менаџмент и од членовите на семејство.

Биби Рекса подоцна се пошегува дека сега станала дух.

 

 

останати вести