Првиот Британец заразен со коронавирусот почина скоро година дена откако ја победи болеста. Неговото тело беше пронајдено во студентскиот дом во Велс од страна на неговите колеги, пренесуваат британските медиуми.
Конор Елис Рид, 26-годишен студент по кинески јазик, се смета за првиот Британец кој се зарази со ковид-19 во ноември 2019 година, додека живееше и работеше како учител во кинески Вухан.
Неговото безживотно тело во октомври 2020 година беше пронајдено меѓу креветот и работната маса на универзитетскиот кампус во Велс. Обдукцијата покажала дека причина за смртта била респираторен застој поради бронхопневмонија како последица од употреба на комбинирани дроги.