Македонската манекенка и модел Катарина Ивановска беше гостинка на “Жешкото столче“. Катарина откри дека омилен спорт и бил тенисот и сакала да трча. Се пофали дека била дел од неколку полумаратони, а на прашањето што го доби да не и е и кошарката, збунето одговори со: „Не, зошто?“
На чаршиските муабети манекенката откри дека не им верувала и не ја интересирале, но на прашањето дали дресот со број 6 и е омилен не баш сакаше да одговори и само кусо со симпатична насмевка рече: „Види, каде што има чад има и оган. Тоа е ха, ха, ха…“
И да, можеби кошарката не ја сака, за кошаркарите не знаеме, ама призна дека обожавала да пее, и тоа само кога никој не ја слуша, оти еднаш другарка и Тамара Тодевска ја искарала дека е голем антиталент.