Секое ново одложување на вакцинацијата,ќе не чини, уште повеќе изгубени човечки животи – алармира професорот Никола Пановски. Имајќи го предвид, Британскиот сој на Ковид 19, важно е – имунизацијата да започне што поскоро за да избегнеме голем број на заболени, но и на смртни случаи, вели Пановски.
“Критични се овие два-три месеци да се заштедат и пари, а особено животи и болни. Бидејќи средства ќе се заштедат и со скапа вакцина бидејќи најскапо е лекувањето на пост-ковид синдромот. Факт е, дека бразилскиот, особено јужно – африканскиот е по пренослив а можеби и по отпорен на веќе создадени антитела од британскиот сој. Така да, тие ќе дојдат.. затоа е важно да започнеме со вакцинирање што побрзо.” – вели за Алфа, професорот Никола Пановски.
Дали дополнително ќе се искомплицира епидемиолошката состојба во Македонија, без вакцини и нови мутации – според Пановски тоа би било соочување со трет ковид бран.
“Ако навремено се преземат мерки би можело да се спречи ширењето на вирусот. Повторно со цел да се добие вакцина. Мислам кај нас, дека тие се безпредметни мерки сега, тие мерки можат да се донесат во Октомври или Ноември.Имаме кога за пет пати за две недели се зголеми бројот од 200 на 1000 па на 1400 заболени.Кога тогаш не беа донесени..секако нема да имаме таков бран како Октомври.” – вели Пановски.
Во меѓувреме, во Македонија, откриени се два нови случаи на британскиот сој на вирусот. А на врата ни е и јужно – африканскиот сој на ковид, првиот пациент носител на оваа мутација пред два дена беше регистриран во Грција.