Ѕвездата на серијата Saved by the Bell, глумецот Дастин Дајмонд, почина на 44 години од рак на белите дробови. Како што соопштуваат американските медиуми, на почетокот на јануари бил хоспитализиран зошто не се чувствувал добро. Му бил дијагностициран рак на белите дробови во четврт стадиум, а докторите му рекле дека има само неколку недели. Состојбата му се влошила викендов, по што утрово починал.
„Тажни сме што треба да ја потврдиме веста дека актерот Дастин Дајмонд почина од рак. Му беше дијагностицирана оваа немилосрдна форма на малигнен карцином пред само три недели, а за кратко време болеста се прошири низ неговото тело. Дастин, ако ништо друго,барем не патеше“, стои во соопштението што го испратија продуцентите на серијата.
Дастин се прослави со улогата на Скрич во популарната тинејџерска серија Saved by the Bell. Серијата се прикажуваше од 1989 до 1993 година. Дастин имашше главна улога, заедно со Марио Лопез, Марк Пол Госелар и Тифани Амбер Тисен и Елизабет Беркли.