Германската фарамцевтска компанија Баер (Bayer) ќе произведува вакцина против ковид-19 на компанијата КјурВак (CureVac). Вакцината е во завршна фаза на тестирање, а издавање на дозвола за употреба се очекува во следните неколку месеци.
– Во нашиот погон во Вупертал би требало да почне производстворо на вакцината на компанијата КјурВак. Испораката на првите дози се очекува да биде до крајот на годината, изјави членот на Управата на Баер, Стефан Олрих.
Директорот на КјурВак, Франц-Вернер Хас изјави дека неговата компанија, преку мрежа на производители обезбеди производство на околу 300 милиони дози до крајот на годината. Додека во Баер ќе бидат произведени околу 160 милиони.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан ја поздрави најавата за соработка помеѓу КјурВак и Баер и најави договор за откуп на таа вакцина.
Додека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на германските сојузни покраини разговараа со претставниците на производители на вакцини со цел да се отстранат бариерите што се појавија на почетокот од процесот на имунизација на населението. Во моментот најголем проблем претставува испораката на помало количество вакцини од нарачаните.
Баер на најновииот производител на лекови кој најави дека ќе се вклучи во производството со цел да се надмине недостигот на вакцини против Ковид-19, откако минатата недела фармацевтските компании Новартис и Санофи најавија помош за Фајзер во производството на вакцини.