Еден од најпознатите српски епидемиолози Бранимир Несторовиќ вели дека не му паѓа на памет да се вакцинира бидејќи вакцините би можеле да бидат поопасни и од самиот вирус.
Според него, просечната смртност не поголема од просечната во нормални околности.
-Teшко ми е ова да го наречам пандемија бидејќи нема одлики на пандемија-јасен е докторот.
Тој посочува дека вакцините Фајзер и Модерна “не се прославиле“ како што се очекуваше.
– Таа приказна за вакцинацијата дојде до застој. Фајзер не може да ги исполни своите обврски, Астра Зенека е во војна и со ЕУ, така што стапката на вакцинација е ниска. Но, многу е јасно дека постојат политики. Ако ЕУ навистина сакаше да вакцинира, ако навистина сакаше да ги заштити своите граѓани, можеа да започнат со производство на руската вакцина и сега би имале доволно количество. Затоа, ова е политичка војна со вакцини и влијание – посочува тој и додава дека го нервира политизацијата на вакцините и дека такво нешто „ја убива медицина – вели Несторовиќ и додава:
– Дали знаете која е предноста на руската вакцина? Бидејќи ја произведува државна компанија. Кога станува збор за државна компанија, тоа значи дека има строги регулативи и начини на производство на вакцина.