Микробиологот и професор Никола Пановски во вестите на МРТ истакна дека доколку се вакцинираат ранливите групи и постарите, во тој случај нема потреба од вакцинирање на младите против Ковид-19, за кои тој тврди дека и сега имаат стекнато природен имунитет.
Доколку се стартува со вакцинирањето, според него, во јуни би имало 300.000 вакцинирани, со што мерките би се олабавиле и од септември децата би можеле да тргнат на училиште.
Според Пановски, вакцината најмногу штити две до три недели по вакцинирањето.
Тој посочи дека имајќи го предвид новиот сој на коронавирус, важно е вакцинирањето да почне на време, за да се спречат 100.000 нови случаи на заразени со ковид-19.