ОТКАКО ЕДНА ГОДИНИ СЕДЕШЕ ДОМА: Ентони Хопкинс излезе и се вакцинираше (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Холивудскиот глумец Ентони Хопкинс се вакцинираше против  ковид-19, а тоа го документираше со видео што го објави на социјалните мрежи.

Заедно со снимката, тој во кус текст му се заблагодари на медицинскиот персонал и коментираше дека поминал една година во карантин, односно, не излегувал од дома.

– Ова е светлото на крајот од тунелот (по една година самонаметнат карантин) – напиша Хопкинс, најпознат по улогата на сериски убиец Ханибал Лектор во „Кога јагнињата ќе стивнат“.

Неодамна во јавноста тој призна дека 45 години е трезен, односно дека не консумира алкохол што е многу значајно за него бидејќи подолго време се борел со тој порок.

https://twitter.com/i/status/1354846527810727939

останати вести