Српската поп-пејачка Наташа Беквалац реши да се вакцинира против коронавирус, а своето искуство го сподели преку „стори“ на Инстаграм.
Таа ги повика граѓаните да бидат одговорни, па затоа и самата отиде да ја прими вакцината.
– О, добро, не дека не боли – рече Беквалац откако ја вакцинираа.
Инаку, во Србија досега се вакцинираа нешто повеќе од 200 илјади граѓани.