По љубовната драма со поранешниот директор на АЕК, Роберт Орданоски, на неговата сеуште актуелна сопруга Агнеса ѝ рипна популарноста. Та на Инстаграм има повеќе од 32 илјади следачи. Агнеса продолжува да прави селфиња и се фотографира со ќерките, и сега учествува во еден нов настан.
Станува збор за Мис Инстаграм, кој го организира Инстаграм страницата „Најдоброто од Македонија“. Агнеса објави стори во кое страницата ја прикажува како третата финалистка за која може да се гласа.
“Третата финалистка Агнеса Органџиева. За неа можете да гласате со лајк на ова слика“, пишува на објавата на која веќе има близу 500 лајка.
Во конкуренција се и Кристина Димитријевска, познатиот модел и манекенка, која му е поранешна сопруга на Даниел Кајмакоски, водителката Миа Костова, и пејачката Аделина Тахири која има најмногу лајкови.
Инаку, од 13 јануари, јавноста беше постојано во тек со љубовната драма на Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса. Орданоски тогаш објави статус во кој јавно раскажа дека се разделува од сопругата.