“ЗА 2-3 МЕСЕЦИ МОЖЕ ДА СТЕКНЕМЕ КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, ПА ЗА КОГО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИТЕ?“ – прашува Д-р Даниловски

by Тони Зографски

Универзитетски професор, епидемиолог Драган Даниловски за Студио 10 на ТВ24 изјави дека за 2-3 месеца ќе бидеме на прагот на колективен имунитет.

„Чекајќи ги вакцините, ќе си ја свршиме работата сами на природен начин, по некои пресметки, ние некаде меѓу 42 и 45% опфатени граѓани имаме со инфекција, независно дали се асимптоматски или со симптоми, тоа е околу 750.000 граѓани. Околу 1.6 милиони граѓани користат здравствени услуги во Македонија. Со оваа динамика за 2-3 месеци ќе го достигнеме прагот на колективен имунитет, па за кого ќе се вакцините? Епидемијата здивнува имајќи предвид дека сме шампиони на Балканот кога се работи за `расположение` за вакцинирање, околу 49% од граѓаните не се расположени да се вакцинираат“  – вели д.р Даниловски кој се осврна и на британскиот сој на ковид -19.

-Засегага има три мутации на вирусот, засега се дознава дека вакцината на Фајзер и Модерна делуваат и на јужноафриканскиот сој на вирусот. Откриено е дека британската варијанта е 35% позаразна од оригиналниот тип, а јужноафриканскиот сој е 75% позаразен. Се претпоставува од искуството на Британија дека клиничката слика не е поразлична, но преносливоста е поголема. Ќе заболат повеќе луѓе, веројатно ќе има и повеќе починати. Истите мерки кои се преземаат за постоечкиот вирус функционираат и за британскиот сој. Треба маските поригорозно да се носат и дистанцата да се држи по внимателно. Ова не треба да не изненадува. РНК вирусите се нестабилни, мутираат многу често“ –  рече  д-р Даниловски .

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com