На 66 годишна возраст почина хрватската глумица Мира Фурлан. Регионалните медиуми утрово пишуваа и за причината за смртта на легендарната актерка.
Имено таа веќе некое време била болна од Западна нилска треска која е исклучително тешка болест и се пренесува од заразни комарци.
Со овој вирус таа се борела веќе неколку месеци, но иако во болницата во САД и е пружено најдобрата нега, за жал таа починала, пренесуваат регионалните медиуми.
Вирусот инаку во природата се одржува помеѓу комарците и птиците кои се примерни резервати на вирусот, а вирусот на луѓето се пренесува преку убод од заразни комарци и не се пренесува од човек на човек.