Продолжува сагата помеѓу поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), Роберт Орданоски и неговата сопруга Агнеса.
Синоќа Роберт објави нов пост на својот Фејсбук профил во кој и се обраќа на Агнеса.
“Само ме занима кога ќе престанеш да се глупираш? Децата за 2 дена продолжуваат со училиште, ти акаш лево, десно, децата не се дома кај што им е компјутерот за онлајн настава, учебниците и приборот“, напиша Орданоски.
Инаку, пред два дена Роберт Орданоски на Фејсбук ја сменил својата профилна фотографија и ја стави свадбената слика кога тој и Агнеса стапиле во брак пред 18 години.
Претходно, пак, неговата сопруга на социјалните мрежи го промени презимето од Орданоска во Органџиева, нејзинито моминско презиме. Истовремено таа му се заблагодари на својот сеуште актуелен сопруг што ја направил актуелна и ѝ го зголемил бројот на следбеници на Инстраграм.