Екс-директорот на АЕК, Роберт Орданоски, по објавата на Фејсбук дека се разведува од неговата сопруга Агнеса, по што следуваа безборј реакции во јавноста, денеска со уште еден нов пост, во кој вели дека по одморот во Молика се враќа дома за решавање на сите проблеми
-Последна вечер во хотел Молика, Битола … Прекрасен хотел, прекрасна природа, прекрасни луѓе работат во него, ни овозможија прекрасен престој на оваа планина убавица, Баба. Утре е нов ден, полн со предизвици. Одморени, свежи, со позитивна енергија се враќаме да ги решиме сите отворени и затворени проблеми дома. Им благодарам сите на негативните и на позитивните коментари, сигурен сум дека ќе имаат корективно дејство на мојот однос кон животот, кој оди понатаму во нови предизвици, кои треба да се совладаат. Останете живи и здрави, животот е еден, одиме напред со нов елан и нова енергија,- напиша Орданоски.