Познатата глумица Ребел Вилсон откри дека била жртва на вооружено киднапирање во Африка. Австралиската актерка изјави дека таа и уште неколку жени биле киднапирани од непознати мажи и биле задржани преку ноќ.
-Ме киднапираа во Африка. Беше во руралниот дел на Мозамбик. Неколку жени и јас се возевме во камион кога луѓето дојдоа до нас со друг камион кој беше полн со оружје – изјави глумицата за „Sky Original Straight Talking“.
-Застанаа покрај нас со пушки и ни наредија веднаш да излеземе од нивното возило. Тие не однесоа во куќа во шумата. Сфатив дека добро се справувам во кризни ситуации. Се однесував како водач на тимот. Кога не оставија сами, им реков на другите девојки да се држат за рака бидејќи се плашев дека во текот на ноќта може да земат некоја од девојките и да направат којзнае што – рече Ребел.
За среќа, никој не е повреден, а девојките биле ослободени следното утро. Актерката е убедена дека со својот камион шверцувале илегални супстанции преку границата.
-Мажите дојдоа следниот ден и рекоа „Можете да одите“. Не поставивме никакви прашања – актерката се присети на непријатното искуство.
-Се вративме во камионот и брзо ја напуштивме таа локација, а неколку часа подоцна ја поминавме јужноафриканската граница. Мислам дека можеби овие момци не користеа за шверц на нелегални работи на дното на камионот – заклучи Ребел Вилсон.