Медицинска сестра од „8-ми Септември“ почина од коронавирус

by Тони Зографски

Пандемијата од Ковид 19 зеде уште еден живот на медицинско лице. Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри соопшти дека медицинската сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години била дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје починала од коронавирусот.

“Почитувани членови со огромна жалост ви соопштуваме за прерано згаснатиот живот на уште една наша колешка, жртва на ковид пандемијата, сестра Нашиде Емини (Naside Emini 1961-2021) која долги години беше дел од одделението за дерматовенерологија во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје.

Ведриот дух, топлината и хуманоста со која зрачеше, трудољубивоста и посветеноста на работата се карактеристиките по кои ќе ја паметат нејзините колешки и сите оние кои ја познаваа.

Унијата заедно со целото членство изразува длабоко сочувство до нејзиното семејство и нејзините најблиски, “стои во објавата на Фејсбук.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com