Млада Кинезинка, припадничка на џет сетот загинала во Хонг Конг откако со нејзината ќерка стара пет месеци паднала од балконот на својот пентхаус.
Луо Лили (34), која се дружела со американската политичарка Хилари Клинтон и пејачката Рита Ора, наводно скокнала со своето бебе од балконот бидејќи патела од постпородилна депресија, според извештаите на локалните медиуми.
Како единствена ќерка на Луо Лин, тајкун со недвижнини кој поседува повеќе проекти за луксузен развој во Кина, Луо Лили од мали нозе живеела раскошно, студирајќи и патувајќи околу светот.
Полицијата во Хонгконг го пронашла телото на 34-годишната жена и нејзината петмесечна ќерка пред станбениот блок изминатата среда во населбата Јау Ма Теи, потврдила полицијата.
– На лице место е потврдена смртта на жената и девојчето. Првата истрага откри дека паднале од станот. На место на настанот не е пронајдено ништо. Ќе се направи аутопсија за да се утврди причината за смртта на загинатите, изјавиле од полицијата која се уште го истражува инцидентот.