Матичниот лекар Ненад Лазаров, преку Фејсбук статус тврди дека лекот Ивермектин го нема во аптеките.
“Еве лажна вест!
Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки.
Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи.
Скандалозно е екскомуницирањето на цело примарно здравство, 80% од COVID19 тука се менаџира.
Срамно е лажењето а штетен е ефтиниот PR“, напиша Лазаров на неговиот пост.
Претходно, министерот за здравство Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил напиша дека лекот Ивермектин е достапен во аптеките.