Четири месеци откако беше урната дивоградбата кај ТЦ „Мавровка“, повторно се појавија нови столбови. Но, за разлика од претходниот пат, сега се работи за метални профили наспроти претходните кои беа армирано бетонски.
Согласно првично поднесениот проект, од Општина Чаир, за 360 степени, велат дека се е во ред и тој проект може да содржи лесна конструкција.
„Согласно законот за градење, согласно проектот, сопственикот има дозвола да гo врати објектот во првобитната состојба. Нема бетон, столбовите не се бетонски, тоа е лесна конструкција“, посочија од Општината.