Помладиот син и наследник на саудискиот крал Салман, принцот Мухамед му испратил непристоен предлог на американскиот рапер Канје Вест. Понудата е крајно едноставна – 10 милиони долари за една вечер со неговата сопруга Ким Кардашијан.
Претходно, самопрогласениот „најголем уметник на сите времиња“, Канје Вест, објави дека има личен долг од 53 милиони долари и побара помош од Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук. Канје од него побарал милијарда долари за да ја продолжи уметничката кариера. Тој исто така рекол дека ќе биде подготвен да прифати пари од Лери Пејџ од Гугл или кој било друг богат добротвор. Иако славните милијардери не одговорија на неговиот повик, принцот Мухамед одговори.
„Неговата музика или облека воопшто не ме интересира, но неговата сопруга е богатство од непроценлива вредност. Би сакал да платам 10 милиони долари или повеќе за да поминам една ноќ со неа“, изјави принцот за медиумите.
Ниту Канје Вест, ниту Ким Кардашијан се уште не реагирале на понудата, што веќе предизвика бурни реакции од различни феминистички организации.
Во интервју за Си-Би-Ес, портпаролката на „Women Network“, Џејн Остин, ја нарече понудата „навреда за жените ширум светот“, велејќи дека тоа покажува како жените продолжуваат да се третираат како предмети во одредени делови на светот. Националната организација на жените дури повика на протест, што ќе се одржи пред саудиската амбасада во Вашингтон, во сабота.