Доктор Јадранка Видак е меѓу првите Македонци во Англија што ја прими вакцината против Ковид-19 на „Фајзер“. Tаа своето искуство го раскажа во емисијата Студио 10 на ТВ24.
„Вакцината “Фајзер“ која е бесплатна ја примив пред една недела. Вакцината не е задолжителна во Англија, таа е доброволен избор. Се пријавуваш преку мејл, прикажуваш каква ти е здравствената состојба, ти закажуваат термин, повторно те прашуваат за здравствената состојба, ја примаш вакцината, ти даваат литература што содржи вакцината, 15 минути те држат во соба да видат да не имаш нус појави. Парацетамол препорачуваат за болки и тоа е се. Откако ја примив немав никакви симптоми освен мала болка во рамото, не беше потребно никакви лекaрства да зeмам наредните денови. Ако имаш дијабетис на пример, мислам дека има други процедури, тоа не ми е познато“, вели рече Видак и додава:
“Некои од моите колеги веќе се вакцинираа и со втората доза. Околу 2 милиони вакцинирани се до сега, по околу 500.000 вакцинирани дневно има. Кризните групи се вакцинираат сега, здравствени работници и луѓе над 80-годишна возраст“ – вели д-р Јадранка Видак за Студио 10.