Светски познатиот диџеј Џозеф Каприати (33) завршил во болница откако бил избоден со нож, и тоа од страна на неговиот татко. Според изворите, Каприати и татко му се скарале, а во караницата 60-годишникот си го избодел синот со кујнски нож.
Диџејот е опериран и е во стабилна состојба, а неговиот 61-годишен татко е уапсен за обид за убиство.
Каприати живее во Шпанија, но од почекотот на пандемијата решил да се врати во родниот град Касерта во Италија.