Претседателот на италијанскиот регион Кампања, Виченцо де Лука на своите сограѓани им ја престави корона картичката кои ќе ја добие секој што ќе се вакцинира. Според него, таа ќе му овозможи на нејзиниот носител слободно да да движи, при што не мора да носи маска и да одржува физичка дистанца.
Но, интернет весникот “Фанпејџ“ критички се осврна на некој недостатоци околу вакцината, односно, кон корона картичката.
Според весникот, сите кои ќе сакаат да се вакцинираат тоа нема да можат да го сторат веднаш бидејќи нема доволно вакцини.
Второ, сеуште не се знае колку време вакцинираните лица ќе бидат заштитени, бидејќи имунитетот може да трае неколку месеци или бесконечно, како што тврдат одредени американските медиуми.
Трето, при издавање на картичката треба да се земе в предвид дека одредени лица иако ќе сакаат нема да можат да бидат вакцинирани поради алергија.
Накратко, според пишува весникот, потврдата за вакцинирање може не е најдобар избор.