Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на својот Фејсбук профил направи пресметка колку се заработува, а колкави се трошоците во земјите од ЕУ.
„Во ЕУ земаш просечно 1.500 ЕУР плата и од нив даваш 10% за исхрана месечно (значи околу 150 ЕУР)! Ти остануваат уште 1.350 ЕУР за лежерен живот и трошење.
Во Северџанистан земаш просечно 300 ЕУР плата и од нив даваш 44% за исхрана месечно (значи околу 130 ЕУР)! Ти остануваат уште 170 ЕУР за сметки, кирија, облека, разонода…!? И? Шо попрво да покриеш!?“ – напиша Апасиев.
Во коментарите под постот, нашинци кои работат од странство му напишаа.
„Маж жена и 2 деца во Германија. 2 плати по 1500€ + детски додаток 420€ = 3.420€. Кирија 1000€, јадење 500€ и останале 1.920€ во месецот за други работи. Во Македонија, 2 плати 800€, јадење 300€, сметки дома без кирија да плаќаш 200€ и ти останале 300€ да се сликаш цел месец,напиша“, Драган Сренковски.
„Во Франција за јадење 4 члено семејство 800 еур,кредит за станот /куќа 1600 ,платите просек 1700 -2000 еур ,порези еден куп …“ Наташа Белевска објасни како е во Франција.
„Од Малта, како држава во Европа можам да потврдам дека во глобала е така, само храната е малку поскапа, сметките се како МК … што значи можам да се из-мокрам на мојата диплома од Јустинијан први и потврдата за правосуден да ги оставам пред Влада!“, Антонио Ѓеорѓиев објасни како е во Малта.