Американскиот лекар Грегори Мајкл почина по повеќе од две недели откако ја прими вакцината на Фајзер против Ковид-19, пренесува Дејли меил, повикувајќи се на изјава на неговата сопруга Хајди Никелман.
Таа рече дека Мајкл бил вакциниран на 18 декември, а починал 16 дена подоцна.
„Верувам дека неговата смрт е 100 проценти поврзана со вакцината. Нема друго објаснување”, истакна сопругата.
Никелман вели дека Мајкл би имал добро здравје доколку не пушел, тој само понекогаш конзумирал алкохол во друштво, вежбал и пловел со кајак, затоа што сакал да риболови.
Покрај тоа, последниот лекарски преглед покажал дека Мајкл е целосно здрав. Никелман рече дека Мајкл бил префрлен на Одделот за интензивна нега поради лошата крвна слика, по што починал од срцев удар.
Директорот на канцеларијата за медицински истражувања во Мајами, Дарен Капрара, изјави дека смртта на Мајкл е прва што канцеларијата ја истражува заради можна врска со вакцината.Претходно, Карлос Палестино, зет на мексиканскиот лекар Карлос Палестино, наводно останал парализиран неколку часа откако ја примил вакцината од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“.