ТУРСКИ научници направиле уред што го дијагностицира ковид 19 за десет секунди, објавено е на веб-страницата на универзитетот Билкент во Анкара.
Принципот на работа на уредот “Дијагновир” не се заснова на репликација на примерок, туку на оптички својства. За тестирање, се зема примерок од мукозната мембрана на усната шуплина, кој понатаму се меша со специјален раствор и се става во уредот.
„Патогените микроорганизми се откриваат во рок од десет секунди со динамичен прием на флуоресцентен сигнал. Процесот се одвива преку микро-шема за откривање на патогени микроорганизми, која е развиена специјално за биосензорот“, објаснуваат истражувачите.
За време на претклинички тестови, уредот покажал 99 процентна ефикасност во откривањето на коронавирусот, се вели во соопштението.