Од фармацевстскиот производите Фајзер, Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19. Од Министерството за здравство потенцираат дека договорот е дефиниран утринава.
-Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, наведуваат од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат и дека Македонија навремено почна со подготовките за вакцинација против Ковид 19, па сега и постоечката функционална и одлично поставена здравствена инфраструктруа каде се врши вакцинација за други болести, е подготвена за имунизација против корона.
-Вакцината на Фајзер се чува во фрижидери на -70 степени целзиусови, а истите во нашата земја ќе пристигнат месецов. Регулаторните медицински агенции европската ЕМА и американската ФДА имаат дадено одобрение за вакцината на Фајзер, се вели во соопштението на МЗ.