Голем пожар во трговскиот центар Глобал во Струмица

by Тони Зографски

Огромен пожар синоќа околу 23 часот избувна во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Според информациите што ги објавуваат локалните медиуми, пожарот пламнал во продавницата „Џо-Го“ по што тој се проширил во соседните дуќани. Пламентите јазици за кратко време се префрлиле на вториот кат, а дуќаните на приземјето се целосно уништени.  Пожарот се проширил и во внатрешниот дел од трговскиот центар, каде се сместени поголем број на тезги.

-Почна на почетокот од првиот дуќан и брзо се прошири. Мојот бутик е целосно изгорен и во него имаше стока од над 20 илјади евра, изјавил сопственик на бутик.

Засега нема повредени, а само на еден граѓанин побарал помош од медицинските екипи, најверојатно од претрпен шок од пожарот.

Засега не се знаат причините за пожарот, во кој е причинета голема материјална штета.

 

останати вести