Микробиологот д-р Никола Пановски во изјава за Канал 5 со „Тројка“ го оцени справувањето со епидемијата од Ковид-19 на здравствените власти.
Сепак, вели дека здравствените работници се херои и заслужуваат почит.
„Добар 3“ е оценката за Македонија во однос на тоа како се справуваше со епидемијата во изминатата година, вели микробиологот Професор Д-р Никола Пановски. Што не очекува наредниот период зависи од однесувањето на граѓаните, но и од пристигнувањето на вакцините, појаснува за Канал 5 Д-р Пановски, кој додава дека на крајот сепак, религијата и науката успеале да најдат заедништво за да се избегнат собири и да се спречи забрзаното ширење на вирусот.
Во однос на ефикасноста и безбедноста на вакцините, Д-р Пановски вели дека има и лекари што изнесуваат лажни тврдења, а досега не постои официјален податок што би потврдил присуство на желатин од свинско месо во вакцините. Важно е да се вакцинираат ранливите групи.