Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ на себе својствен начин ги честиташе новогодишните и божиќните празници на сите фанови.
Новак беше облечен како Дедо Мраз, а атмосферата во семејната идила ја сподели со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара преку социјалните мрежи.
„Среќна Нова година 2021 година. Ви посакуваме многу среќа, здравје и љубов во секоја мисла, дело и чувство“, напиша Ѓоковиќ. Тој направил и импровизирано ѕвонче од стаклени садови и рачен миксер.
„Среќни и Божиќни празници од Дедо Мраз, се извинувам што немав ѕвонче, па морав да импровизирам. Еве ги подароците, ме чекаат ирвасите, голем поздрав и збогум“, изјавил тенисерот.