Вистинско изненадување од вселената ќе не пречека во првите денови од јануари – четири астероиди, од кои едниот е исклучително голем, ќе се приближат до Земјата.
Веќе на 2 јануари, астероидот 2019 YB4, со дијаметар од 15 метри, ќе прелета покрај Земјата на растојание од 6,4 милиони километри.
Еден ден потоа, ќе ни се приближат два астероиди, именувани 2020 YA1 од 15 метри и 2020 YP4, што има 21 метар. Тие, во однос на вселенските растојанија, скоро ќе ја „допрат“ Земјата, бидејќи ќе поминат на растојание од 1,5 и 2,1 милиони километри.
Најголемата опасност и најголемиот астероид доаѓа на трети јануари. Потоа, астероидот 2003 AF23, чиј дијаметар е дури 220 метри, ќе прелета покрај Земјата на растојание од 6,9 милиони километри, објави НАСА, а пренесува РТ