Фармацевт од медицинскиот центар Аурора во Графтон, близу американскиот град Милвоки, е уапсен под сомнение дека намерно уништил околу 570 дози од вакцината против корона вирусот.
Аптекарот ги извадил вакцините од замрзнувачот каде што требало постојано да бидат на ниска температура и ги направил неупотребливи. Станува збор за вакцините на американската компанија „Модерна“.
Фармацевтот признал дека тоа го сторил намерно, но неговите мотиви не се познати. Полицијата не го објавува неговото име, а откако признал дека го сторил прекршокот, тој веднаш е отпуштен.
Овој инцидент се случува во време кога јавното истражување во САД покажува големо сомневање кај луѓето во безбедноста на вакцините против коронавирус.