Италијанскиот печат пишува денес за случајот со пациент од болницата „Сан Мартино“ во Џенова, кој бил позитивен на коронавирус сите осум месеци од пандемијата и кој неодамна починал.
Примариусот на болницата, д-р Матео Басети, тврди дека ова е единствениот случај во светот засега. Пациентот имал други болести, а неговиот имунолошки систем бил ослабен.
– Ова само ни укажува уште колку работи не знаеме за вирусот – изјавил Басети
Инаку, толку долг период на инфекција со вирусот корона, 250 дена, сè уште не е забележан во светот.