Новинарката Анета Додевска од 1-ви јануари ќе биде новиот главен и одговорен уредник на телевизијата 24.
„По скоро 10 години професионална работа во ТВ 24 , би сакала да информирам дека од 1- ви јануари ќе бидам главен и одговорен уредник на Телевизијата. Тимот продолжува со професионално работење, објективно информирање со цел – да се задржи и зголеми довербата на гледачите. На колегите и на сите Вас ви посакувам успешна Нова година со нови победи“, напиша Додевска на нејзиниот Фејсбук профил.
Во моментов главен и одговорен уредник на телевизијата е Маден Чадиковски.
Инкау, Анета Додевска е долгогодишен новинар и уредник во телевизијата, од нејзиното основање.