Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Во љубовта потрудете се во односот со партнерот да бидете пореални. Ви се наметнува некој ваш добар пријател, а вие не знаете како да постапите. Најдобро е да бидете поладнокрвни и да се правите дека ништо не забележувате. Слободните ги советуваме да не размислуваат за минатото.
РАБОТА: Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени.
ЗДРАВЈЕ: Можни се полесни здравствени проблеми поврзани со срцето.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: Во емотивниот живот премногу се грижите за неважни ситници и самите себе се оптеретувате. Полни сте со емоции и страсти, но станувате и доста нетрпеливи за вашиот партнер. Додадете повеќе самоконтрола и одлучност на својот карактер.
РАБОТА: Некои претставници очекуваат деловна експанзија, некои се во нов интересен проект, а пак некои започнуваат со бизнис. Бидејќи периодот е поволен, препуштете и се на вашата волја. Ведрината во вас ви дава сила целосно да и се посветите на работата, но и задоволството со кое оди бидејќи и финансиите ќе ви се подобрат. Малата нервоза е нормална состојба.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, но внимавајте при ракувањето со остри предмети.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Сентименталните односи ви се одлични, искористете го тоа и обидете се да разговарате отворено со вашиот партнер за вашите потреби. Ако сте слободни ќе започнете нова врска или пак ќе имате прилика за авантура. Размислете добро. Односите во семејството ќе ве загрижуваат, па затоа ќе морате да се обидете да ги средите.
РАБОТА: Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биде малку платена или нема да е соодветна со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати
ЗДРАВЈЕ: Помалку чувствително, внимавајте на главата.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Соочете се мирно со ситните љубовните проблеми, одморете се од работата и посветете му повеќе внимание на емоционалниот живот. Немојте да бидете автодеструктивни и обидете се да не се заљубите во личност која е склона да игра со вашите чуства.
РАБОТА: Навистина ви е потребен мир и одмор, а ако имата шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.
ЗДРАВЈЕ: Чувствително, можни се проблеми со некои жлезди и кожата.
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Ве очекува вистинска бура. Настаните ќе се менуваат брзо, а вие тешко ќе можете да се снајдете, така што поради невнимание и ситни лаги можен е прекин на врската со партнерот. Односите во семејството нема многу да ве радуваат, ќе мора да бидете потрпеливи за да ги избегнете расправиите.
РАБОТА: Нема да ви се допаѓа нечија улога во деловните средби, но вие не треба да се оптеретувате со проценки на туѓите способности и вредности. Добро размислете и почекајте вистината да исплива на површина. Држете до позитивен став во деловните сортаботки.
ЗДРАВЈЕ: Одлично, одржувајте ја физичката кондиција.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Ве очекува просечен љубовен период, без некои поголеми возбудувања. Многу сте емоционални и фокусирани на вашиот партнер. Дружете се повеќе со пријателите и почнете да размислувате за своите животни цели и внатерешни мотивации. Слободните ќе зрачат со магнетска привлвлечност. Имате големи прилики неделава да ја најдете вистинската личност за вас.
РАБОТА: Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги колегите со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да споделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение. Финансиската состојба не ве загрижува, па повеќето од вас ќе си дозволат и трошење, можеби и купување на невжни работи.
ЗДРАВЈЕ: Помалку чувствително, можни се болки во пределот на грбот.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ви треба партнер кој моментално ќе ја промени вашата состојба и ќе ви помогне во проблемите кои ве засегнуваат. Бидете претпазливи особено ако сте во брак, бидејќи непредвидливоста на вашите постапки може скапо да ве чини.
РАБОТА: Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси, вие го заслужувате тоа. Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа може скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот. Избегнувајте средби со вашите претпоставени колку што можете и намалете ги активностите во јавноста.
ЗДРАВЈЕ: Ви треба повеќе движење, пешачење.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Потрудете се повеќе време да му посветите на семејството и на вашите најблиски. Одделете повеќе време за партнерот и не давајте и на саканата личност причина за сомнеж во вашата љубов ако сакате да ја зачувате врската.
РАБОТА: Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така што вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чуства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со стомакот и варењето на храната.
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Емоционално сте во поволна ситуација но ќе треба да му посветите повеќе внимание на вашиот партнер. Бидете потолерантни, бидејќи расправиите во моментот можат многу лошо да делуваат врз вашата врска.
РАБОТА: Внимавајте на лошите настани кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ви се случат и на вас. Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Во потрега за некои нови хоризонти, или проширување на сегашните ќе се обидете да отпатувате некаде каде што до сега не сте биле.
ЗДРАВЈЕ: Ќе имате главоболки и ќе бидете нервозни. Не го оптеретувајте нервниот систем.
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Ќе доживеете многу радост и среќа во дружењето со пријателите. Можеби ќе запознаете нови личности кои подоцна ќе ви бидат многу важни како на професионален план така и на емотивен. Минатото е поминато, не се оптеретувајте со тоа, мислете повеќе на иднината и на она што го носи новиот ден.
РАБОТА: Не преземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.
ЗДРАВЈЕ: Здраствената состојба ви е повеќе од добра.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Ќе успеете да воспоставите контакт со личност која одамна не сте ја виделе, а не сте престанале да мислите на неа. Претставниците во сериозните врски ќе имаат прекрасен период со многу моменти на нежност и разбирање.
РАБОТА: Потребна ви е поголема волја и енергија за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, а и недоразбирања со колегите и претпоставените, ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувајте во ситници и непотребни расправии.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со крвниот притисок.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Во емотивната врска работите се поставени онака како што вие посакувате, не претерувајте со барањата можете повеќе да изгубите. Ќе имате мали недоразбирања со некои членови од семејството, потребен ви е компромис или едноставно побегнете од ситуацијата.
РАБОТА: Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате и со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови.
ЗДРАВЈЕ: Покрај повремените болки во коските, можни се и полесни воспаленија на уринарниот тракт.