Двете момчиња кои синоќа беа прегазени на улицата „Железничка” во Охрид се борат за живот, објави Охрид 1. Полицијата уште нема официјални информации, а градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски пред малку со пост на фејсбук понуди помош нарекувајќи го настанот ужасна вест.
Порталот објавува дека едното дете е на возраст од 11 години и тоа било првично задржано во болницата за Ортопедија и труматологија „Св.Еразмо” во Охрид со скршеници на ногата и потрес на мозокот. Тоа според извори на болницата во костозглобна во стабилизирана состојба во текот на ноќта било транспортирано во Скопје.
Другиот брат како што јавува Охрид1 има 19 години и е со тешки повреди на главата. Веднаш бил префлен на неврохируршка клиника во Скопје, но на инсистирање на родителите најверојатно момчето ќе биде пренесено во приватна болница. Тој е во животна опасност.
Охридската јавност е видно вознемирена од овој трагичен настан дотолку повеќе што двете лица според првите неофицијални информации се прегазени додека оделе на тротоар.
Немам зборови да ја опишам тагата и болката која ја чувствувам.
Се молам двете братчињата да се изборат. Целата општина Охрид и јас лично стоиме на располагање да помогнеме за сѐ што е потребно на семејството на братчињата во овие тешки мигови. Господ нека ги чува, – напиша градоначалникот Георгиевски.