Докторот на науки и член на научно истражувачки тим, на Универзитетот Харвард во Америка кој работи на наоѓање лек за рак на белите дробови српскиот научник Немања Деспот Марјановиќ во интервју за Б92 вели дека ако бевме на ниво на примена и разбирање на науката за да можеме да ставаме чипови во вакцините, би можеле да живееме до 150 години.
– Зошто некој би не „чипувал“ со вакцината, сите ние држиме чип-мобилен телефон во рацете, каде што можат да ја следат нашата локација, кои страници ги посетуваме…. Ги разбирам луѓето кои се скептични во врска со вакцината, особено што таа е направена за многу краток период, но верувајте ми, среќна околност е што научната заедница успеа да реагира толку брзо. Погледнете ги резултатите од клиничките студии, клиничките студии не лажат. Овде во САД, првите луѓе што ја добиваат вакцината се здравствени работници. Дали некоја земја би си играла со ставање во опасност на целата своја медицинска заедница, без која би било тешко да се преживее оваа пандемија? Зборуваме за неколку милиони луѓе! – вели докторот Марјановиќ.
На прашање на новинарот колку се безбедни вакцините на „Фајзер“ и „Бионтек“, со оглед на краткиот период во кој се направени докорот одговара:
– Производството на вакцини почна пред да бидат завршени клиничките студии во случај тие студии да бидат позитивни. И она што можеме да го видиме и кај вакцината на Фајзер“и на „ Модерна“ е дека ефикасноста е повеќе од 90 проценти. Двете вакцини се направени на ист начин, но ниту една од фазите не беше прескокната, одредени фази на клиничкие студии беа паралелни. Тие покажуваат огромна ефикасност и беа направени тестирања на најголем број на испитаници. „Фајзер“ на 43.000, „Модерна“ на 30.000 волонтери. Ефикасноста покажува дека овие вакцини се многу безбедни и многу добри. Покрај тоа, „Фајзер“ и „Модерна“ сами по себе имаат безбедна технологија затоа што mRNA е транзитна молекула која не може да се вгради во геномот и не може да предизвика големи последици. Нема додатоци, само mRNA молекули и липидни наночестички. mRNA технологијата е нова за правење вакцини и гледаме дека има имунолошки одговор и е многу ефикасен, но не знаеме за жал колку долго ќе трае тој имунитет. Обично знаеме дека ако направиме многу безбедна вакцина, ефективноста не е толку добра, но кога ќе излезат резултатите за ефикасноста и колку луѓе работеа на тоа, јас лично би ги примил тие две вакцини – вели Марјановиќ.