Бодибилдерот кој го го зачуди светот кога изјави дека се оженил со секси кукла изјави дека случајно ја скршил неколку дена пред Божиќ.
Јуриј Толочко се ожени со неговата лажна свршеница „Марго“ во „луда“ церемонија во Казахстан, каде имаше вистински гости и романтичен танц на парот. Но, сега тој се соочува со проблеми и не знае дали неговата „сопруга“ ќе може да се поправи за празничниот период од годината.
Британскиот таблоид „Daily Star“ отиде да го интервјуира за неговата „мака“: „Скршена е. Ја однесов да ја поправам, таа е во друг град . Кога таа ќе оздрави, тоа ќе биде подарок и за двајцата“.
Откако стана популарен на нтернет, мускулестиот Јуриј вели дека почнал да стнува љубоморен на вниманието што го добива неговата млада „сопруга“.
Тој продолжува сериозно велејќи: „После бракот решив повеќе да не ја покажувам многу на луѓето, ѝ го забранив и Инстаграмот. „Знам дека сум малку себичен, но Марго е многу убава и не се вознемирува.
Сликите од надреалната венчавка на двојката беа на новинските мрежи ширум светот.
На нив се гледаше како Јури на силиконската кукла Марго ѝ става прстен на нејзиниот прст, а потоа страсно го бакнува пред возбудените гости.
Тој дури тврди дека ја запознал во ноќен клуб, каде ја „спасил“ од некои момчиња кои „ја малтретирале“.
Бодибилдерот се идентификува како „пансексуалец“, што според него значи дека може да се за вљуби во што било „карактер, слика, душа или личност“.