Холивудската глумица Кетрин Зета-Џонс ретко споделува фотографии на својот Инстаграм профил, но сега ги воодушеви обожавателите со селфи во кое позира со сопругот Мајкл Даглас.
„Добро утро“, напиша актерката.
Фотографијата доби над 100 илјади лајкови, а обожавателите не штедеа на зборови и веднаш започнаа комплименти за парот.
„Изгледате навистина среќно“, „Убава“, „Вие сте прекрасна двојка“, „Вие навистина сте еден од најубавите парови“, се само дел од коментарите.
Инаку, Кетрин и Мајкл неодамна прославиле 20-годишнина од бракот во кој добиле две деца. Мајкл во 2010-та година се бореше со рак на грлото, а многумина претпоставуваат дека болеста повторно се вратила. Актерот сè потешко се движи и константно се придржува за Зета.