Ненадејно почина познатата манекенка Стела Тенант

by Тони Зографски

Познатата светска манекенка Стела Тенант синоќа ненадејно починала на 50 години, објави денеска нејзиното семејство, пренесува Гардијан.

– Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, на 50 години. Стела беше прекрасна личност и голема инспирација на сите нас и многу ќе ни недостасува – се вели во соопштението од нејзиното семејство.

Стела беше позната британска манекенка, внука на Ендру Кевендиш, војвода од Девоншир. Таа студирала вајарство на „Winchester School of Art” а ги красеше насловните страници на многу светски познати магазини, меѓу кои и на Вог.

Стела најчесто соработувала со познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд, а била познатата како “музата на Лагерфелд“.  Манекенката учествуваше и во затварањето на Олимписките игри во Лондон во 2012 години, каде носеше креации на британски дизајнери.

Стела Тенант зад себе остави сопруг и четири деца.

останати вести