Нина Бадриќ откри од кога не била заљубена

by Тони Зографски

Хрватската пејачка Нина Бадриќ (48) во разговор за  Story.rs меѓудругото проговори и за љубовта.

-Моето срце е слободно за љубов, овие зборови би биле одличен текст за песна… Не се сеќавам кога последен пат сум била заљубена. Мислам дека тоа беше во минатиот век. Сепак, вистина е дека кога сум заљубена сум како сите други – рекла Нина.

-Тогаш ја носам оваа глупа насмевка и сите можат да ми скокаат на глава. Што се однесува до “пеперутки“, сакам повторно да ги почувствувам и потполно да полудам од љубов. Фазата од заљубеност до љубов е многу кратка ако е вистинската личност во прашање – додаде таа.

Бидејќи поради короната нема концерти, Нина Бадриќ откри како го мине вишокот на слободно време.

-Деновите ги осмислив така да уживам во нив со надеж дека нешто треба да се направи… Ги завршувам новите песни, одам на часови за странски јазици, почнав да пишувам книга, а го читам и сценариото за филмот во кој треба да играм една од главните улоги.

 

 

останати вести